За мене Петре Шилегов е еден од фаворитите за градоначалник на Скопје, рече премиерот Зоран Заев на денешната презентација за почетокот на реконструкција на Универзалната сала на прашањето дали ќе даде поддршка на скопскиот градоначалник за нов мандат.
„За Шилегов, како мој другар и пријател, имам само пофални зборови. Тој е еден од нашите фаворити за градоначалник на Град Скопје, сѐ уште го немам прашано дали ќе се кандидира, но за мене е еден од фаворитите, заради сите проекти кои се сработени, сѐ што е направено во овој период, имајќи предвид дека беше период на референдум, на парламентарни и претседателски избори, период на пандемија, и да се изнајдат сите средства со сите ограничувања и да се испорачаат сите успеси е вредно за огромно внимание и поддршка. Јас многупати ги коментирам ставовите, а нашите постапки ќе бидат во текот на летото бидејќи крајот на септември е кампања. Кажувам само мои лични ставови и давам поддршка на секој успешен градоначалник. Сепак, процедурите во СДСМ се отворени и транспарентни и се засноваат доминантно на поддршката од граѓаните. Граѓаните треба преку истражувачките методи да го изразат задоволството за нашите кандидати и со тоа потврдувам дека ќе се водиме да поддржиме максимално прифатливи, привлечни кандидати за граѓаните, бидејќи е важно однапред да има изградено доверба и да се решат што повеќе проблеми што ги тиштат граѓаните“,
рече Заев.