Премиерот Зоран Заев и неговиот кабинет ќе ги менуваат протоколите за закажување состаноци и за телефонски разговори, информираат од Владата. Целта, како што велат од таму, е да се обезбеди високо ниво на проверка и заштита на комуникациите на премиерот.
Како дел од мерките за безбедност и внимателност во дигиталните и телефонските комуникации, во рамки на кабинетот на премиерот променети се дел од техничките уреди, вклучително и мобилните телефони и броевите на мобилните телефони на премиерот и на дел од неговите соработници.
се вели во соопштението од Владата.
Освен смената на телефонските броеви, ќе има и смена на дел од кадарот кој се грижи за безбедноста на комуникациите.
Премиерот направи и анализа на професионалноста и ефикасноста на ангажманите на своите советници и соработници, врз основа на што на дел од ангажираните лица ќе им се заблагодари за досегашната соработка.
се вели во соопштението од Владата.
Мерките доаѓаат само десет дена отако Зоран Заев „наседна“ на руски комичари кои му се претставувале како поранешниот украински претседател Петро Порошенко. Премиерот имал три телефонски разговори и разменувал пораки со „мајтапчиите“, а содржината потоа беше објавена јавно. Поради информациите изнесени во тие комуникации, Заев потоа им се извинуваше на лидери од регионот, меѓу кои и на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи.
Кога се случи аферата Заев изјави дека нема протокол што ќе го спречи да се јавува од неговиот телефон или пак да разменува пораки на вибер или ватс-ап.
„Нема протокол што може мене да ме ограничи ако сакам да Ви се јавам Вам (му се обраќа на новинарот н.з), ако сакам да му се јавам на премиерот Харединај, на премиерката Брнабиќ, на Андреј од Хрватска или на кој било. Немам намера кога следниот пат ќе му се јавам на Борисов, или на кој било премиер или претседател од Европа или од светот да барам одобрение од некој протокол. Комуницирам, оти мислам дека е тоа од помош и за добробитта на мојата земја“,
изјави на 10 јули 2019 премиерот Заев.
Денешното соопштение од Владата е јасен показател дека премиерот го преиспитал својот првичен став кон безбедноста на комуникациите.