Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, најави дека регионалната иницијатива позната како „Мал Шенген“ утре во Скопје ќе добие и име. Најавата ја сподели на „Фејсбук“, по попладнето поминато во главниот град на земјава со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и албанскиот премиер, Еди Рама.
„Му благодарам на градоначалникот Петре Шилегов што ни беше домаќин на прошетката низ Скопје во пресрет на утрешниот прв Економски форум за регионална соработка. Со претседателот Вучиќ и премиерот Рама имавме прилика да го видиме новиот кеј покрај Вардар и со гордост можам да кажам дека се согласивме дека Скопје навистина е една поинаква приказна.
напишта Заев на Фејсбук.Соработката помеѓу нашите три држави на граѓаните им носи огромни придобивки, а утре ќе најавиме нови иницијативи, ќе го објавиме името на овој нов балкански развој и ќе ја интензивираме соработката со потпишување на три договори од заеднички интерес“,
Во уште една објава на социјалната мрежа, Заев објави и мала фотогалерија со лидерите на двете соседни држави, проследена со текстот „Поблиску од кога било. За граѓаните. За народите. За иднината. За нашиот европски Балкан“.




