На граѓаните, на државата им се потребни законодавна и извршна власт, Собрание и политичка влада. Нашата татковина има потреба од избори во првиот можен термин за да го дочекаме септември целосни подготвени, оцени лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во нова видеопорака на својот фејсбук-профил.
Новата нормалност, како што вели, значи организирање избори и кампања, според здравствените протоколи, кои ќе бидат 100 проценти сигурни за граѓаните и за нивното здравје и за сите учесници на изборниот процес.
„На граѓаните и на државата им требаат институции со целосен легитимитет за да создадат услови за новата нормалност, со полн капацитет да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме македонската економија“,
вели Заев.