Во агендата на македонскиот премиер се предвидени и средби со копретседателот на СДП и со германски пратеници, додека церемонијата на доделување на наградата ќе ја отвори Хајко Мас
Премиерот Зоран Заев денеска престојува во работна посета на Берлин за да ја прими наградата за човекови права за 2020 година што му ја додели германската фондација на левичарски партии „Фридрих Еберт“ (ФЕС).
Церемонијата на доделување на наградата ќе се одржи попладне, а ќе ја отвори германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.
Заев во Берлин ќе се сретне со германскиот државен министер заЕвропа, Михаел Рот, кој утре ќе претседава со министерскиот состанок на ЕУ, каде што се очекува и одлука околу преговарачката рамка за С Македонија, во ситуација кога соседна Бугарија најавува блокада.
Заев отпатува во Берлин во придружба на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во агендата на македонскиот премиер се предвидени и средби со копретседателот на Социјалдемократската партија на Германија, Норберт Валтер – Борјанс и со пратениците Нилс Шмид од СДП и Јурген Харт од ЦДУ/ЦСУ.