По вчерашниот конгрес на партијата и промените во раководството
Извршната власт е избрана од парламентот, тие се околу 8,5 месеци министри и не би требало да има измени
Премиерот Зоран Заев вели дека не би требало да има промени во извршната власта, по вчерашниот конгрес на владејачката партија. Според него, Владата е избрана пред 8,5 месеци, и има доверба од парламентот за тоа.
„Задоволен сум од вчерашниот конгрес, коментирав јавно дека не се лесни овие кадровски решенија. Давањето шанса на секој да се вгради и заблагодарувањето на некој што и досега се вградил се сериозни процеси коишто оставаат трага за мотивација на следни генерации да се борат да добијат шанса и да дадат свој прилог во унапредување на севкупниот квалитет на живот во С Македонија. СДСМ е сериозен чинител, најголем политички субјект кој во моментов ја има честа и одговорноста да управува со извршната власт, заедно со коалициските партнери. Верувам дека тоа ќе биде поттик на секој да се вгради политички и да помогне во процесите“,
изјави Заев денеска во Велес.