Премиерот Зоран Заев најавува дека во следниот период ќе се отворат дебати во јавноста со цел подобрување на економијата, но и решавање на дел од постоечките проблеми.
Тој во гостување на Алсат рече дека дел од темите ќе бидат и декриминализација на марихуаната, решавањето на возилата со странски регистерски таблички кои одбегнуваат регистрација во земјава, но и да се види зошто угостителскиот бизни многу малку учествува во бруто-домашниот производ.
„Да отвориме дебати, да го слушнеме општеството. Да видиме зошто угосртителството толку малку учествува во БДП, а во европските земји тоа е многу повеќе. Да разговараме како тоа да го подобриме. Ќе ја отвориме и темата за приватизација на државно земјиште“,
додаде Заев.
Тој смета дека во погон треба да се пуштат сите домашни ресурси, бидејќи сега земјата е во позиција која мора да ја искористи.