Никој не е непроменлив, рече премиерот Зоран Заев откако во речиси 10-минутно излагање ги прочита имињата на директори, заменици, членови на управни и надзорни одбори во институциите кои ќе предложи да ги напуштат позициите. Од долгата листа, се чини дека највпечатливо е барањето за смена на директорите на МЕПСО и Електрани на Северна Македонија, Сашо Василевски и Драган Миновски.
Покрај нив, на листата се наоѓаат и директорот на Агенцијата за лекови, Ќахил Ибраими, директорот на Здравствен дом – Скопје, Злате Мехмедовиќ, деиректорката на Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, Катерина Ставриќ, и многу други директори и членови на одбори.
Заблагодарувајќи им се за досегашната работа, Заев рече дека меѓу нив има и луѓе на кои ќе им биде понуден и друг ангажман. Слабостите кои ги покажале носителите на јавни функции во заминување, се надева дека нема да ги повторат оние кои ќе ги заменат.
„Причините за разрешување се сестрани, и тоа што беше присутно во јавноста, но голем дел се и практични. Нереализација на капитални инвестиции, блокирање на одредени процеси, забелешки од меѓународните институции за водењето на одредени процеси, некогаш недоволната транспарентност, некогаш недоволното почитување на заклучоци донесени од Владата, слабиот менаџмент на одредени институции“,
истакна премиерот како дел од причините за смена.
Постапката ќе почне денеска, рече Заев, велејќи дека до крајот на месецот ќе бидат именувани нови луѓе на позициите, без да ги открие нивните имиња. Законски, еден дел ги именува Владата, друг дел министрите, а некои самите надзорни одбори на инситуциите.
Еве дел од листата предложени за разрешување:
-директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на регионални патишта „Македонија пат – Скопје“, Гајур Кадриу;
- директорот на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ;
- директорот и претседател на Управниот одбор на АД МЕПСО, Сашо Василевски;
- членовите на Управниот одбор на АД МЕПСО Магдалена Чижбановска, Ненад Крстевски, Тони Божиновски;
- в.д. директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕТ, Ќахил Ибраими;
- в.д. директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Благој Индов;
- директорот на Државниот Архив, Кирил Петров;
- директорката на Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, Катерина Ставриќ;
- директорката на Националната установа Драмски театар – Скопје, Викторија Рангелова-Петровска;
- директорот на Јавното претпријатие за Железничка инфраструктура – Железници на Р. Северна Македонија, Ирфан Асани;