Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш ги потврди очекувањата дека кинеските вакцини на компанијата „Синофарм“ ќе стигнат до крајот на месецов. За тоа, според него, се преземаат чекори од денеска, со оглед дека е прв работен ден по Кинеската нова година.
„Кинеските вакцини ги очекуваме до крајот на месецот, до крајот на идната недела. Денеска е прв работен ден после Кинеската нова година, нашата амбасада и кинеската амбасада тука, како и компаниите што помагаат со ’Синофарм‘, мислам дека денеска ги прават првите чекори. Знаете дека парите се платени од нашата држава, сето тоа ги отвори следните чекори околу транспортот, патувањето, осигурувањето, гаранциите што мора да се обезбедат. Верувам дека следните денови ќе имаме сериозен интензитет за да ги додржиме датумите до крајот на месецот“,
изјави Заев.
Државата од Кина купува 200 000 вакцини. Имунизацијата во земјава започна вчера со вакцините од „Фајзер“ кои ги добивме како донација од Србија.
*Поврзани вести:
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Почна вакцинацијата против ковид – вработените од Инфективна го „скршија мразот“
Д-р Добринка и медицинската сестра Габриела се првите кои примија вакцина против ковид-19 во земјава