Националниот координатор за иницијативата во интервју за Сител, ги објасни придобивките, пред се, во однос на слободниот проток на луѓе, стоки и услуги
Со „Отворен Балкан“ сега ние пред големите странски инвестиори нема да бидеме пазар со два, туку сме пазар со 12 милиони жители, што значи потенцијалот на регионот за странско инвестирање станува далеку поатрактивен и поисплатлив и наскоро регионот ќе биде инвестициска дестинација, вели националниот координатор за „Отворен Балкан“ Марјан Забрчанец.
Тој во интервју за Сител, ги објасни придобивките на иницијативата, пред се, во однос на слободниот проток на луѓе, стоки и услуги.
„Станува збор за подобри односи помеѓу самите држави. Да илустрирам со пример, камионите кои транспортираат одредена стока не чекаат долго по граници и на контролни пункови, туку поминуваат многу поедноставно и побрзо. Ние и веруваме на контролата на Албанија и на Србија, а тие и веруваат на нашата контрола. Ако камион со лубеници од Албанија треба да патува кон Србија ќе биде проверен еднаш или ниеднаш. Ако на тој камион му требале 30 часа да ги мине сите процедури и контроли и гранични точки, сега тоа се прави далеку побрзо и поефикасно, за само неколку часа“,
вели Забрчанец.
Тој посочи дека сега се во фаза на подготовка на софтвер за слободен пазар на труд со Србија и Албанија, односно признавање на дипломите и да се тргнат работните дозволи.
На претстојниот самит во Охрид на почетокот на јуни ќе се раговара з атуризмот и културата, при што националниот координатор најави поволности за летувања на младите од земјите кои се дел од „Отворен Балкан“.