За летовите од и кон Италија, Шпанија, Велика Британија и Холандија, забраната важи до 31 мај 2020 година
Грчката Агенција за цивилно воздухопловство најави продолжување на привремената забрана за летови од и кон Грција за седум земји, меѓу кои и Северна Македонија, јави МИА од Атина.
За нашата земја привремената забрана за летови од и кон Грција е продолжена до 23:59 часот, 14 јуни 2020 година, а истото важи и за Албанија и Турција.
За летовите од и кон Италија, Шпанија, Велика Британија и Холандија, забраната важи до 31 мај 2020 година, до 23:59 часот.
До истиот термин се продолжува и мерката сите останатите меѓународни летови да бидат само од и до атинскиот аеродром.
Од привремената забрана за летови, исклучок се карго-летовите, здравствените, хуманитарните, државните, итните и оние за репатриација на граѓани.
*Поврзани вести
