Вицепремиерот Бујар Османи, на партиска прес-конференција во ДУИ, најави дека покрај денешниот трет пакет економски мерки, постигнат е договор и за уште две други мерки.
„Предлогот е медиумските работници да бидат ослободени 50 проценти од придонесите во текот на три месеци, а останатиот дел да се репрограмира за плаќање на рати од септември. Истиот треба да се усогласи во смисла на правната рамка“,
рече Османи.
Втората мерка е да се зголеми количината на пари кои дијаспората односно печалбарите ќе може да ги пратат на дневна основа во земјава. Прагот од 5 000 евра ќе биде подигнат на 10 000.
*Поврзани вести:
Картички и ваучери за домашни производи, туризам, обуки за млади и викенд без ДДВ, најави Спасовски
