Ставот на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и денес е непроменет, односно дека техничката влада во ваков облик и форма е нефункционална и дека истата не треба да постои, изјави на прес-конференција Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„Пример за нефункционалноста е кога министерот за внатрешни работи ќе апси луѓе кои што вршат поткуп. а обвинителот ќе ги ослободува и истите за кратко време ќе ги видиме како се фотографираат со Зоран Заев или министер за внатрешни работи ќе донесе одлука и ќе именува професионалци, за истите од страна на владата да бидат заменети со партиски војници“,
вели Стојановска.
Според Стојаноска, техничката влада создава проблем со функционалноста и е мотив повеќе политичките партии и од власта и опозицијата да донесат итно решение чија што задача ќе биде само спроведување на фер и демократски избори.
„Во спротивно ако со ваква техничка влада ни се случи ваков масовен поткуп, тогаш можеме да замислиме што би се случило на следните парламентарни избори со ваква полна влада на Заев и Ахмети“,
рече Стојановска.
Сепак, Стојаноска рече дека Зоран Заев и Али Ахмети не може еднострано да тргуваат со нешто кое создава права и обврски и за опозицијата и нешто што било заеднички договорено со консензус од политичките партии од власта и опозицијата во тоа време.