Девојката Ангела Ѓоргиевска доби 19 години затвор за случајот со убиството на Пинета Секондо – Пино. Таа, според обвинението, а сега и според првостепената пресуда, е виновна за помагање во извршување на убиството.
Обвинетиот за извршување на убиството, Али Фуркан, пак, е во бегство.
Во текот на судскиот процес, 26-годишната девојка изјави дека не се чувствува винова бидејќи, според неа, таа не направила ништо од тоа што го тврди обвинителството.
Пино беше пријавен за исчезнат во декември 2018 година, а по околу 5 месеци неговото тело во распаѓање беше пронајдено во близина на селото Љуботен.
Кога ја заврши истрагата за случајот, обвинителството тврдеше дека сега осудената со првостепена пресуда, Горѓиевска, го повикала да се сретнат. Кога се сретнале, таа и Пино, заедно со Фуркан, се упатиле по обиколницата во близина на селото Арачиново каде што имало расправија во која момчето било убиено со пушка. Девојката и извршителот, според обвинението, потоа тргнале по патот кон Љуботен и го скриле телото.