Сите се таму незадоволни, целта е за неколку недели да биде продолжен политичкиот век на траење на неколкумина од врхушката на СДСМ, изјави Мицкоски во Штип
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, владината коалиција во која од пред неколку дена е и Алтернатива ја нарече пластелин-коалиција, која има за цел да го продолжи политичкиот век за неколку недели на врхушката на СДСМ, а во која не се знае кој е задоволен затоа што сите се незадоволни.
„Сите се таму незадоволни, во разговори со мене сите се незадоволни, таму не се знае кој е задоволен, дури и во СДСМ меѓу себе изразуваат незадоволство, ова е пластелин-коалиција, коалиција за неколку недели да биде продолжен политичкиот век на траење на неколкумина од врхушката на СДСМ“,
изјави Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Штип.
Тој смета дека оваа коалиција е само обид во режија на Зоран Заев за доуништување на она што остана од Македонија.
„Жалам што мораме да бидеме сведоци уште некоја недела на она коешто го приредува Зоран Заев и СДСМ, но ние ќе се бориме со сите демократски алатки коишто ни стојат на располагање, час поскоро да издејствуваме предвремени парламентарни избори“,
изјави Мицкоски.