Изминатата недела (од 5 до 11 септември) во Охрид се потврдени 32 случаи на коронавирус во Охрид, 28 лица од Струга и седум лица од Дебар, покажува неделниот извештај на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
Во моментов во Охрид има 42 активни случаи на ковид-19, во Струга 59, а во Дебар 29 пациенти. Во истиот период оздравени се 13 лица од Охрид, 29 лица од Струга и едно лице од Дебар.
Изминатата седмица се регистрирани и осум смртни случаи поврзани со ковид – четири од Охрид, три од Струга и еден од Дебар.
Од почетокот на епидемијата, заклучно со вчера, со коронавирус се заразени вкупно 1 268 лица во овие општини и тоа 386 лица во општините Охрид и Дебрца, 615 лица во општините Струга и Вевчани и 267 лица во општините Дебар и Центар Жупа.
Од нив оздравени од Охрид се 314, од Струга се 508, а од Дебар и Центар Жупа се 220 пациенти. Во Охридско, починати се 15 лица, во струшко 52, а во Дебар и Центар Жупа 13 лица.
