Кампањата на Бајден треба да биде модерна верзија, во ерата на социјалните медиуми, на радио- разговорите што во 30-тите години од минатиот век ги правел претседателот Френклин Рузвелт, како начин да се биде меѓу Американците е нивниот дом
„Ало, овде е Џо, вашиот претседател“. Ваков телефонски повик добила вчера Мишел од Калифорнија, мајка и сега домаќинка, која останала без работа поради економската криза предизвикана од пандемијата.

Таа е првата со која американскиот претседател Џо Бајден започна телефонски разговори со обичните американски граѓани, чија цел е да покаже дека се разликува од неговиот претходник Доналд Трамп, кој беше критикуван дека не се грижи за судбината на милиони Американци погодени од здравствената и економската криза.
Мишел претходно му пишала на Бајден за да му каже за нејзините проблеми и потешкотии при наоѓање нова работа.
„Работата е многу поважна од платата. Се работи за вашето достоинство, Почитта кон вас, вашето место во заедницата “,
вели Мишел во видеото од разговорот, што го објави Белата куќа.
Телефонските повици на Бајден треба да бидат модерна верзија, во ерата на социјалните медиуми, на радио- разговорите што во 30-тите години од минатиот век ги правел претседателот Френклин Рузвелт, како начин да се биде меѓу Американците е нивниот дом.
„Белата куќа ќе преземе нови чекори за да му овозможи на претседателот редовно и директно да комуницира со американскиот народ“,
најави во петокот портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
Трамп само спорадично ја прифати оваа традиција во форма на претходно снимени видеа објавени на Фејсбук.
Бајден, исто така, на ваков начин ја користи можноста да го промовира својот пакет – стимулации од 1,9 трилиони долари, што неговата Демократска партија се подготвува да го прифати во Конгресот, и покрај недостатокот на поддршка од републиканците, како и големата кампања за вакцинација што ја вети.