Кина денеска ги укина драстичните ограничувања воведени пред неколку месеци во покраината Хубеј, жариштето на пандемијата со новиот коронавирус.
Во последните 24 часа во Кина не е откриен ниту еден случај на локална зараза, но регистрирани се 47 пациенти кои се вратиле од странство.
„Вкупно потврдени се 47 случаи увезени од надвор. Најголемиот број од нив се Кинези, кои се вратија дома“, се наведува во соопштението од кинеското Министерство за надворешни работи.
Исто така, се додава дека во последните 24 часа починале четири лица, од кои три во покраината Хубеј.