Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 33 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.
Заедно со пациентите во Скопје и болниците во другите градови, вкупно се хоспитализирани 616 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот и има околу 418 празни болнички кревети.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симптоми на коронавирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 28 пациенти. На ГАК нема хоспитализирани ковид-позитивни пациентки.
Од Министерството за здравство посочуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21 пациент позитивен и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 52 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 40 пациенти, во Прилеп 34, во ковид-центарот во Гостивар шест, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани три, во Кичево осум, Кавадарци 44, во Гевгелија три лица, а во Дебар 13 позитивни и сомнителни на коронавирусот.