Тој им го честиташе на Северна Македонија и Албанија почетокот на преговорите со Европската унија на што, како што додаде, Србија помогнала во остварување на таа цел и изрази надеж дека Иницијативата Отворен Балкан (ОБ) и понатаму ќе допринесе на економското јакнење и поврзување
И кога имавме одредени проблеми, бевме секогаш блиски, а денес сме најблиски и повеќе немаме ниту едно отврено прашање, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во воведното обраќање на политичкиот дел од самитот Отврен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

„Горд сум што можам да кажам дека имаме најдобри односи во историјата и верувам дека ќе бидеме умни да ги одржиме такви со децении“,
потенцираше српскиот претседател.
Тој им го честиташе на Северна Македонија и Албанија почетокот на преговорите со Европската унија на што, како што додаде, Србија помогнала во остварување на таа цел и изрази надеж дека Иницијативата Отворен Балкан (ОБ) и понатаму ќе допринесе на економското јакнење и поврзување.
„Да говориме во регионот заедно со еден глас кога се работи за клучни прашања“,
порача Вучиќ.
Тој кажа дека воведувањето на зелените коридори на ОБ допринеле за раст на трговијата за 17 отсто, а со отворањето на наменските ленти на ОБ на границите чекањето се намалило на 15 минути.
„Србија продолжува да работи на модернизација на граничниот премин Прешево и планирано е до 2022 година да се додадат уште две ленти, а се надеваме на уште поинтезивно унапредување на фитосанитарните и ветеринарните сертификати, а докуметите кои денес ги потпишуваме се резултат на заедничката посветеност на работа во изминатиот период, меѓу кои е Договорот за непречено снабдување на основните животни намирници на ОБ со што доколку било која држава донесе забрана за ивоз за прехранбени производи, тоа нема да се однесува на земјите членки на ОБ“,
рече Вучиќ.
Српскиот претседател ги повика и властите и опозицијата во земјите на Отворен Балкан да го разберат значењето на овој проект и да помогнат да се направи нешто големо заради нашата иднина.
Тој ги неведе сите досегашни договори и меморандуми и го поздрави одржувањето на Првиот меѓународен саем „Винска Визија Отворен Балкан“.
Вучиќ се заблагодари на премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, на шефовите на дипломатијата на Унгарија и на Турција, Петер Сијарто и Мевлед Чавушоглу за нивното учество како гости на Самитот што, како што додаде спрскиот претседател, кажува колку сме сите ние поврзани и потребни едни на други.