Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска од аеродромот „Никола Тесла“ испрати четири од предвидени осум авиони со помош за Италија.
„Србија има доволно опрема, затоа сметаме дека сега е најважно тоа да го дадеме и да им помогнеме на нашите италијански пријатели. Нашата помош не е мала, и ова се производи што ние ги купивме и за кои платија граѓаните на Србија, за да им ја дадеме на нашите браќа и сестри во Италија. Ние ги снабдивме своите магацини. Праќаме два милиона хируршки маски, два милиона епидемиолошки маски, еден милион ракавици. Можеби можевме и повеќе, но ова е гест да покажеме колку ни значи Италија“,
истакна Вучиќ, испраќајќи порака со сочувство до сите починати.
Пред да ја испрти помошта за Италија, српскиот претседател ги прими претставниците на тимот на руските вооружени сили, кои помагаа во спречувањето на ширењето на новиот коронавирусот и им се заблагодари за „обезбедувањето на важната помош за Србија“.