Додаде дека за Србија „приемот на Косово во ОН не доаѓа предвид“ за што, како што рече, ги известил сите – Французите, Германците, Италијанците, сите Европејци, Американци
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека постои можност Охридскиот договор да стане дел од преговарачкото поглавје 35, а со тоа и услов за прием на Србија во Европската Унија (ЕУ).
Поглавјето 35 во пристапните преговори меѓу Србија и ЕУ ги вклучува односите со Косово.
Вучиќ додаде дека за Србија „приемот на Косово во Обединетите нации не доаѓа предвид“.
„За ова ги запознав Французите, Германците, Италијанците, сите Европејци, Американци. Сите знаат сè“,
изјави Вучиќ.
Охридскиот договор предвидува Србија да ги признае државните симболи на Косово, да не се противи на членството на Косово во меѓународните организации, како и меѓусебно почитување на територијалниот интегритет и суверенитет од двете страни.
Европската Унија редовно предупредува дека брзината на пристапниот процес со Србија зависи од напредокот во дијалогот за нормализација на односите.