Информацијата за договорот меѓу Србија и Унгарија ја потврди портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач и на Твитер напиша оти српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, договориле изградба на нафтовод кој ќе ѝ овозможи на Србија да се снабдува со поевтина нафта од Урал
Србија и Унгарија договорија изградба на нафтовод што ќе ѝ овозможи на Србија да се снабдува со поевтина нафта од Урал со поврзување со нафтоводот „Пријателство“, соопштија унгарските власти, пишува балканскиот сервис на РСЕ.
Изградбата на гасоводот беше договорена откако Европската Унија (ЕУ) го воведе осмиот пакет санкции против Русија на 6 октомври, со кој се ограничува увозот на руска сурова нафта.
Санкциите воведени кон Москва вклучуваат ограничување на цените на руската нафта што ја извезуваат трети земји. По донесувањето на оваа одлука, Србија нема да може да увезува нафта од Русија преку ЈАНАФ, што значи дека санкциите воведени кон Москва се префрлени и на Србија.
Информацијата за договорот меѓу Србија и Унгарија ја потврди портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач и на Твитер напиша оти српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Унгарија Виктор Орбан договориле изградба на нафтовод кој ќе ѝ овозможи на Србија да се снабдува со поевтина нафта од Урал.
„Во моментов, снабдувањето со нафта на земјата во голема мера се врши преку гасовод низ Хрватска, но тоа веројатно нема да биде можно во иднина поради усвоените санкции’,
посочи портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на Твитер.
1/2 @avucic and PM Orbán have agreed to build an oil pipeline to Hungary. The new oil pipeline would enable Serbia to be supplied with cheaper Urals crude oil, connecting to the Friendship oil pipeline.
— Zoltan Kovacs (@zoltanspox) October 10, 2022
Унгарија, која исто така многу се потпира на руската нафта и гас, го поддржа последниот пакет санкции против Русија.
Првобитниот предлог на Европската комисија предвидуваше исклучок кога станува збор за испораките од Јадранскиот гасовод, но на инсистирање на некои земји членки на ЕУ тој предлог е одбиен бидејќи ставот е дека нема оправдување Србија да биде изземена.
Па така, санкциите кои ЕУ ѝ ги воведе на Русија се префрлија и на Србија, поради тоа што не воведува санкции против Руската Федерација.