Според него, Европа игра на картата на спротивставување на новата американска администрација
Српскиот претседател е загрижен за јазот што се зголемува меѓу САД и Европа, велејќи дека европските лидери ниту малку не почекале, туку веднаш почнале да праќаат пораки на поддршка за украинскиот претседател Зеленски по вчерашниот дебакл во Белата куќа.

Според него, Европа игра на картата на спротивставување на новата американска администрација.
Вучиќ смета дека претстојат големи глобални прегрупирања и дека Европа ќе се обиде да се претстави како нов светилник на слободата.
„Како некој кој не може да го поднесе Трамп, не се работи за Америка и американскиот народ, туку за Трамп итн. Тие (н.з. Европа) ќе се обидат да организираат секаков вид напад врз претседателот на Америка преку либералните медиуми во САД и Демократската партија, па затоа сум многу загрижен за него, бидејќи такви коинциденции не постојат, а нема толку лудаци на светот колку што некој би сакал да замисли дека има“, рече Вучиќ.
Владејачката партија во Србија – СНС, а и самиот Вучиќ, има добри односи со луѓе од опкружувањето на претседателот Доналд Трамп, како што е Ричард Гренел, неговиот претставник за специјални мисии, кој веќе даде изјави на поддршка на актуелната владејачка постава во Белград.