По првиот негативен, германската канцеларка Ангела Меркел направила уште еден тест за коронавирус. И тој е негативен, но нејзините лекари одлучиле таа да остане во карантин, најмалку до почетокот на следната недела.
„Германската канцеларка и натаму работи од домашниот карантин и најдоцна до почетокот на следната недела уште еднаш ќе се тестира на коронавирус“,
изјави портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.
Последните вести од Шпанија, пак, се дека со коронавирус се заразила вицепремиерката Кармен Калво, која има 63 години.
Веста ја соопшти шпанската влада.
Позитивниот резултат стигнал денеска откако претходниот тест бил негативен. Тестирањето било повторено затоа што претходните резултати биле сомнителни.
Во Шпанија со коронавирус се заразија и две министерки, како и сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез, Бегона Гомез.