Епицентарот е на територијата на Бугарија, каде што денеска вкупно биле регистрирани четири земјотреси
Нов земјотрес вечерва околу 18:20 часот е почувствуван во Делчевско. Ова е втор земјотрес денеска почувствуван од граѓаните, откако утрово земјотрес беше регистриран во Република Бугарија во околината на Благоевград со магнитуда од 3,2 степени, кој исто така се почувствува во повеќе македонски градови на истокот.
Според бугарските медиуми, земјотресите кои биле вкупно четири во текот на денешниот ден, биле на 11 километри длабочина северозападно од Благоевград.
Вториот земјотрес што беше почувствуван и во Делчево вечерва бил со магнитуда од 4,4 степени, а освен во овој бил почувствуван и од жителите од другите населени места на крајниот македонски исток.