Според полицијата, во првиот случај, 62-годишен маж е пронајден починат во неговиот дом во скопската општина Ѓорче Петров. На местото на настанот, лекар констатирал смрт со траги на насилство
Седумдесет и шест годишна жена утрово е пронајдена без знаци на живот од нејзината ќерка во куќа во скопската населба Ѓорче Петров, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Утрово во 9:18 часот, од М. А., ќерка на починатата, е пријавено дека во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ во Ѓорче Петров ја пронашла својата мајка О. А. (76) без знаци на живот.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт со видливи траги од насилство.
За случајот е известен јавен обвинител, по чии насоки телото на починатата е дадено на обдукција.
Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на причините за смртта на жената.
Ова е втор случај за само пет дена во кој е пронајдено починато лице со траги на насилство во скопско Ѓорче Петров.
Во првиот случај, 62-годишен маж е пронајден починат во неговиот дом во скопската општина Ѓорче Петров. На местото на настанот, лекар констатирал смрт со траги на насилство.
