Во пожарот што вчера попладне избувна во Општина Чешиново-Облешево се зафатени висока сува трева, нискостеблести растенија, но и шума
Два полициски хеликоптери и еден „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и пожарникари од Кочани и Пробиштип учествуваат во гаснењето на големиот пожар што од вчера беснее Општина Чешиново-Облешево, а од утринава навлезе и во Општина Пробиштип.

Првиот човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, информира дека попладнево пожарот се доближил на сто метри воздушна оддалеченост од кочанското село Врбица.
Посочува дека ова село и пред десетина дена исто така беше во опасност од огнените јазици, а во моментов на терен се, како што вели, пожртвуваните кочански пожарникари и доброволци.
Во пожарот што вчера попладне избувна во Општина Чешиново-Облешево се зафатени висока сува трева, нискостеблести растенија, но и шума.