Времето во утринските часови ќе биде променливо облачно, во текот на претпладнето со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се намали и ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6, додаваат од УХМР.
Во Скопје времето претпладне ќе биде со умерена облачност, а попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 25 степени.
Во текот на работната седмица, додаваат од УХМР, ќе се задржи стабилно време со постудени утра, до вторник и со пониска дневна температура. Од среда дневната температура повторно ќе се зголеми, позначително во четврток и петок, кога ќе биде натпросечно топло.
