Наредните денови времето ќе биде стабилно со студени утра и со појава на утринска магла. Дневните температури ќе бидат без значителни промени
Наутро ќе биде ведро, но студено со појава на магла по одредени котлини. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени“,
велат од УХМР.
Во Скопје утрото ќе биде студено, а преку денот сончево со мала облачност.
„Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 23 степени“,
информираат синоптичарите.
Наредните денови времето ќе биде стабилно со студени утра и со појава на утринска магла. Дневните температури ќе бидат без значителни промени.