Кон средината на идната недела се очекуваат локални врнежи од снег
Студено утро, а преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе се движи од -6 до 1, а максималната од 4 до 11 степени.
Во Скопје наутро ќе има магла, а преку ден ќе биде умерено облачно.
Минималната темпратура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Следните денови времето ќе биде стабилно и суво, а на повеќе место низ земјата утринските температури ќе се спуштат под нулата. Дневните теемператури, пак, ќе бидат во границите на просекот за овој период.
Кон средината на идната недела се очекуваат локални врнежи од снег.