Како што информира УХМР, до недела ќе се задржи стабилно и постудено време со ниски утрински температури. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од минус 10 до минус 3, а максималната од 1 до 8 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму велат дека во Скопје ќе биде променливо облачно и претежно тивко.
„Минималната температура ќе се спушти до минус 5, а максималната ќе достигне до 3 степени“,
соопштија од УХМР.
Минималните утрински температури благо ќе опаѓаат и ќе се движат од минус 10 степени до минус 2 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 2 степени до 8 степени.
Како што информира УХМР, до недела ќе се задржи стабилно и постудено време со ниски утрински температури. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Во понеделник и вторник ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи.