Утрата за време на викендот ќе бидат студени, со постепен пораст на дневните температури. Од почетокот на следната седмица, пак, УХМР најавува ветровито време со умерен до повремено засилен јужен ветер
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 8 степени, а максималната ќе биде од 17 до 24 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура го главниот град ќе се спушти до 2 степена, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Утрата за време на викендот ќе бидат студени, со постепен пораст на дневните температури.
„Во понеделник во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, а во вторник ќе биде и нестабилно со повремено пороен дожд и појава на грмежи и засилен ветер“,
најавува УХМР.
Од почетокот на следната седмица се најавува ветровито време со умерен до повремено засилен јужен ветер.