Од УХМР информираат и дека минималната температура ќе биде во интервал од -5 до четири, а максималната ќе достигне од пет до 10 степени
Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец, соопштија утрово од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Претпладне понекаде вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер“,
додаваат оттаму.
Од УХМР информираат и дека минималната температура ќе биде во интервал од -5 до четири, а максималната ќе достигне од пет до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до шест степени.
УХМР соопштува и дека времето до крајот на денот и утре ќе се задржи стабилно, а нов влажен бран ќе започне од ноќта вторник кон среда од северозапад.
„Врнежите ќе бидат од дожд, во среда на високите планини од снег, а во четврток снег ќе има и на северозападот и на повисоките места. Врнежите ќе престануваат во четврток во текот на денот, а нови врнежи се очекуваат на почетокот на следниот викенд. Услови за појава на магла ќе има особено во вторник и среда наутро“,
додаваат од УХМР.