Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната од 24 до 31 степен
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе биде 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Во следните два дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со благ пораст на дневната температура. Во сабота кон крајот на денот и во недела ќе има локална појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.