Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре нè очекува постудено време во утринските часови со постепен пораст на дневните температури и претежно сончево време во текот на денот
По утринската облачност, во текот на денот нè очекува сончево, но посвежо време со периоди на мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.
Минималните температури денеска во земјава ќе се движат од -3 до 7 Целзиусови степени, а максималните ќе бидат во интервал од 6 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура во Скопскиот Регион денеска ќе достигне 12 степени.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре нè очекува постудено време во утринските часови со постепен пораст на дневните температури и претежно сончево време во текот на денот.