Веќе од понеделник се најавува облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи
Сончево и топло време со мала локална облачност. Ова е временската прогноза за денешниот ден според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во источните планински делови од земјата ќе има услови за слаб дожд, а ветер од северозападен правец ќе биде поизразен низ Повардарието.
„Минималните температури ќе бидат во интервал од 5 до 11 степени, а максималните од 18 до 26 степени“,
информира УХМР.
И во главниот град времето ќе биде топло, со максимални температури до 25 степени.
И утре за време на христијанскиот празник Велигден ќе се задржи сончево време со мала облачност.
Веќе од понеделник се најавува облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.