Во Скопје, пак, претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево и претежно тивко
Времето денеска ќе биде сончево, тивко и релативно топло, освен во котлините каде ќе има појава на подолготрајна магла, особено во утринскиот и попладневниот период, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Претпладне по котлините и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Преку денот ќе биде сончево, тивко и релативно топло освен во котлините со подолготрајна магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени“,
велат од УХМР.
Во Скопје, пак, претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево и претежно тивко.
„Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени“,
додаваат од Управата.