Температурите во наредните денови ќе бидат во опаѓање, а за време на викендот ќе преовладува посвежо време со умерен до засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за краткотрајно невреме со појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат од 30 до 38 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне се очекуваат локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во одделни делови од котлината се можни услови за краткотрајно невреме. Температурата ќе се движи од 17 до 35 степени.
Од УХМР најавуваат дека под влијание на серија влажни воздушни бранови, утре и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град.
Температурите во наредните денови ќе бидат во опаѓање, а за време на викендот ќе преовладува посвежо време со умерен до засилен северен ветер.
