Периодот на стабилно време ќе продолжи, но со постепен пад на темпетатурата која до сабота ќе се намали за околу пет степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)
Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од -1 до 10 степени, а максималната од 17 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер.
Периодот на стабилно време ќе продолжи, но со постепен пад на темпетатурата која до сабота ќе се намали за околу пет степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во следните три дена ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. В четврток наутро ќе има услови за слаба магла по одделни котлини.