На почетокот на работната недела времето ќе биде релативно топло со ветер од јужен правец, додека кон крајот на седмицата повторно се очекуваат локални врнежи од дожд
Утрото денеска ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
„Утринските температури ќе се движат во интервал од -3 до 6 степени, додека дневните ќе достигнат од 18 до 25 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
Во Скопје, утрото ќе биде постудено со температура околу нула степени, а преку ден ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер.
Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 24 степени.
Според прогнозата, на почетокот на работната недела времето ќе биде релативно топло со ветер од јужен правец, додека кон крајот на седмицата повторно се очекуваат локални врнежи од дожд.
