И следните денови се очекува времето да биде променливо облачо со честа појава на локални врнежи и грмежи
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ова е временската прогноза за денешниот ден, најавена од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Наместа ќе има и невреме во пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интеервал од 6 до 13 степени, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, пак ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Попладне се очекува да биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, со услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град.
Максималната температура во главниот град ќе достигне 28 степени.
И следните денови се очекува времето да биде променливо облачо со честа појава на локални врнежи и грмежи.