Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југоисточен правец. Наутро температурата ќе биде 5, а во текот на денот до 23 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој вдолж Повардарието на некои места ќе биде посилен. Во текот на ноќта, во крајните западни делови од земјата, ќе има локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од 2 до 7 степени, а дневната ќе се искачи од 18 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југоисточен правец. Наутро температурата ќе биде 5, а во текот на денот до 23 Целзиусови степени.
Од УХМР и за утре прогнозираат дека времето ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје и утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од променлив правец. Температурата утре наутро ќе биде од 6 до 13 степени, а во текот на денот од 15 до 25 Целзиусови степени.