Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со слаб ветер од променлив правец и услови за појава на краткотраен дожд. Наутро температурата ќе биде минус 7 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 3 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во западните делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. На некои пониски места краткотрајно врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен вдолж Повардарието, се вели во прогнозата од УХМР. Утринската температура ќе биде од минус 10 до минус 3, а во текот на денот од 1 до 8 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со слаб ветер од променлив правец и услови за појава на краткотраен дожд. Наутро температурата ќе биде минус 7 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 3 Целзиусови степени.
За утре, синоптичарите најавуваат променливо облачно време. Во западните и северните делови претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува, се вели во прогнозата од УХМР. Во Скопје, и утре времето ќе биде, променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец и со услови за појава на краткотраен дожд. Температурата утре наутро ќе биде од минус 5 до 2 степени, а во текот на денот од 2 до 9 Целзиусови степени.