И во следните денови прогнозата вели дека времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локални врнежи се очекува да има и утре, а ќе бидат проследени со ретки грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи, соопштија утрово од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) посочувајќи дека и следните денови нè очекува слично време.
„Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени“,
велат оттаму.
Според извештајот на УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината со повремен дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
„Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 16 степени“,
соопштија од УХМР.
И во следните денови прогнозата вели дека времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локални врнежи се очекува да има и утре, а ќе бидат проследени со ретки грмежи.
На планините, пак, врнежите ќе бидат од снег.