За утре се најавува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер

Променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд прогнозираат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Невреме со врнежи од пообилен пороен дожд и со појава на грмежи и засилен ветер се очекува да биде поинтензивно во источните делови од земјата.
Температурата наутро ќе биде од 3 до 10 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 9 до 19 степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 10 Целзиусови степени наутро до 18 степени во текот на денот.
За утре се најавува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
И за следните денови се најавува дека ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. На некои места се очекува процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд кога за кратко време се очекува да наврнат над 20 литри дожд на квадратен метар, со појава на грмежи и силен ветер со над 70 километри на час.
Во понеделник попладне, според прогнозата на УХМР, на планините ќе има услови врнежите да преминат во снег.