Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 4 Целзиусови степени додека максималните ќе се искачат од 6 до 13 степени
Денеска нè очекува промеливо облачно време со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 4 Целзиусови степени додека максималните ќе се искачат од 6 до 13 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со појава на магла. Температурите ќе се движат од минимални -1 до максимални 6 Целзиусови степени.
УХМР за утре најавува сончево и релативно топло време со до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. До петок ќе се задржи стабилното време, а во петок попладне и во текот на викендот ќе има повремени врнежи.