Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне ќе има пороен дожд и грмежи, а попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 24 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови, каде што ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 км/ч) и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне ќе има пороен дожд и грмежи, а попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 24 степени.
Од УХМР информираат дека во петок и во сабота во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето. Во недела и во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (за 7 до 10 степени).