Според прогнозата на УХМР попладне и во текот на ноќта во повеќе делови од земјата ќе има врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во западните делови од земјата
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), попладне и во текот на ноќта во повеќе делови од земјата ќе има врнежи од дожд. Врнежите, велат од УХМР, пообилни ќе бидат во западните делови од земјата. Утринската температура ќе биде од -2 до 6 Целзиусови степени, а во текот на денот од 5 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно, а попладне се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде 2 степени наутро, а во текот на денот ќе се искачи до 13 Целзиусови степени.
За утре, од УХМР прогнозираат сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. И во Скопје, утре, ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата утре ќе биде од 2 до 9 степени наутро, а во текот на денот од 6 до 18 Целзиусови степени.