„Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност со ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне 35 Целзиусови степени“, велат од УХМР
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови на државата, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Оттаму велат дека минималната температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната од 27 до 37 Целзиусови степени .
„Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност со ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне 35 Целзиусови степени“,
велат од УХМР.
Од утре, како што најавува УХМР, ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умререн ветер, поизразен вдолж Повардарието.
Во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.